Уапсен е македонски државјанин баран со потерница поради убиство во Германија

t

Државјанин на Македонија за кој имало распишана европска потерница и баран од германските власти, е уапсен синоќа на граничниот премин „Евзони“, во обид да влезе во Грција, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

34-годишниот маж од земјава е осомниќен дека учествувал во грабеж и убиство на 81-годишник во февруари годинава.

Според документите од германските власти, тој заедно со негови сонародници бил на патување во сојузната покраина Хесен, и престојувале во една од собите кои ги издавал сега веќе убиениот.

Убиството било сторено на 9. февруари кога сторителите ја врзале жртвата, му ја затвориле устата и го ограбиле, а тој починал од задушување.

Полициските власти на Грција го уапсиле, и тој ќе биде изведен пред јавен обвинител во Солун, за да почне постапката за екстрадиција во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

Судот одлучи дека Германија не смее да…

И покрај пресудата во корист на мигрантите…