Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел со 5 евра да поткупи граничар
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, на излез од државава, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот В.Л. од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.
При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.
Лицето било предадено во Полициската станица „Мирковци“ за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Полицајци од ГП „Блаце“ ќе одговараат за…
МВР соопшти дека е покрената дисциплинска постапка…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…