Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра

t

Игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез и неговиот помошник биле уапсени додека се обидувале да продадат десетина византиски икони и две евангелија за 200.000 евра, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, грчката полиција спровела акција и игуменот бил уапсен во моментот кога се обидел да ги продаде византиски реликвии на полицаец кој се претставил како купувач.

Во случајот, освен игуменот и неговиот помошник, уапсени се уште четири лица, кои биле вмешани во продажбата.

Грчките медиуми објавија дека двете евангелија се од 1737 и 1761 година, а Министерството за култура на Грција ќе ги истражи реликвиите за да се процени нивната религиозна и трговска вредност.

Манастирот Успение на Пресвета Богородица, познат и како манастир Мега Спилео (Голема пештера) се наоѓа во Калаврита, во северниот дел од Пелопонез, изграден на отворот на голема пештера, а старите традиции го припишуваат основањето на манастирот на солунските браќа монаси Симеон и Теодор и го поврзуваат со чудесното наоѓање на познатата икона на Пресвета Богородица во пештерата во 362 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен игумен во Грција додека се обидувал…

Игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета…

„Индексот е посилен од пендрекот“ – српските…

План за протестниот марш Како што известува…

Мицкоски одбива да ги декласифицира документите за…

Не е прашање дали ќе се декласифицираат…

Мицкоски: Независноста не е само потпис на…

8 Септември не е само датум и…

(Видео) Јакимовски го развеа македонското знаме од…

8 Септември – Ден на независноста на…