Уапсен криумчар на мигранти од Велес
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, денеска во 02:25 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“ пред Неготино, го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Велес, затоа што во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 21 мигранти од Сирија.
Како што информираат од МВР, претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега. Набргу бил запрен и лишен од слобода.
-Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Истрага за илегална продажба на околу еден…
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…