Уапсен осомничениот убиец во Охрид
Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик.
Имено, денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција. По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен осомничениот убиец во Охрид
Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското…
Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни…
Две постројки поврзани со нуклеарната програма се…
САД можат со сигурност да потврдат дека…
САД можат со сигурност да утврдат дека…
Рубио: Војната со Иран ќе заврши за…
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, им се…
Ирански хакери упаднале во е-поштата на шефот…
Хaкери поврзани со Иран објавија дека упаднале…