Уапсен таткото на момчето кое се обиде да убие наставник во БиХ
Полициски службеници од кантонот Тузла го приведоа таткото на момчето кое утрово застрела наставник во основно училиште во градот Лукавац во Босна и Херцеговина.
Таткото е осомничен за кривично дело запуштање или малтретирање дете или малолетно лице и кривично дело неовластено набавување, држење и продавање оружје и основни делови од оружјето, јавува Н1 Сараево.
Инспекторите ќе спроведат кривична истрага, по што ова лице ќе биде предадено на Обвинителството каде против осомничениот ќе бидат преземени понатамошни дејствија, изјави Аднан Арнаутовиќ, портпарол на Обвинителството.
По наредба на надлежниот суд и наредба на Обвинителството, полициски службеници на МВР вршат претрес во семејната куќа во Лукавац.
Медиумите во БиХ наведуваат дека наставникот бил застрелан од поранешен ученик кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукање во село Горна Матка, повреден жител…
МВР соопшти дека во текот на вчерашниот…
„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…
Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…
СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…
Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…