Уапсен уште еден пироман во прилепско, запалил сува трева
Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп уапсиле уште еден пироман кој предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. За среќа во пожарот повредени лица нема.
„На 12.08.2024 во 21.00 часот во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен уште еден пироман во прилепско, запалил…
Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп уапсиле…
(Фото) Спасен убавиот пелагониски манастир: Ова се…
Во справувањето со пожарите во Општина Новаци,…
МВР со детали за сообраќајката во која…
МВР со детали за страотната сообраќајка во…
(Видео) Страшна несреќа кај скопско Блаце, загина…
17-годишно момче вчера загина во тешката сообраќајна…
Москва мора да биде принудена на мир,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…