Уапсен Холанѓанец во Охрид – кршел амбулантно возилo
Охридската полиција синоќа привела 31-годишен холандски државјанин поради агресивно однесување.
-На 05.06.2024 во 21.45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В.Р.Ј.(31) од Холандија.
Тој агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило, по што се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија, информираат од СВР Охрид.
Полицијата соопшти дека против него е поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид
Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид…
Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е…
Пред околу час и половина во стариот…
Пожар опасно се приближува до „Јасен“!
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ…
Активисти на Левица ги освежија спомен – плочите на…
Освежени спомен - плочите на паднатите борци од НОБ…
Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до…
УАПСЕНИ МОЌНИЦИ СО ДРОГА, БЛИСКИ ДО МАКСИМ…