Уапсен 30-годишен маж кој пукал во нога на девојка, драма во Башчаршија во Сараево
Дваесет и тригодишна девојка е ранета денеска во престрелка во центарот на Сараево, а мажот кој отворил оган е уапсен, соопшти полицијата.
Портпаролката на МВР на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ изјави дека пукањето во Башчаршија се случило во 16 часот и 30 минути.
„Пукањето се случило на раскрсницата на улиците Телали и Сафвет-бег Башагиќ во сараевската општина Стари Град. Во таа прилика е рането женско лице (2001 г.), кое се здобило со повреди на десната потколеница и е пренесено на Клинички Центарот на Универзитетот во Сараево, каде и е укажана лекарска помош“, изјави Мерсиха Новалиќ.
Таа рече дека веднаш по пукањето полицијата уапсила маж на возраст од 30 години. За пукањето е известен обвинителот на Кантоналното обвинителство на КС, а истрагата за престрелката е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПУКАЊЕ ВО САРАЕВО! Има ранети, врие од…
Вечерва во близина на хотел Европа во…
Пукање во мигрантски камп кај Сараево
Во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево синоќа…
СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…
ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…
Уапсен 30-годишен маж кој пукал во нога…
Дваесет и тригодишна девојка е ранета денеска…
Убоди со нож и пукање – Обид…
Поднесена е кривична пријава од страна на…