Убиен водачот на навивачката група на Партизан од Белград
23-годишниот Тадија Пантиќ од Земун, е убиен денеска околу 11:45 часот во Нов Белград.
Според пишувањето на српските медиуми, двајца напаѓачи на скутер без регистарски таблички му се доближиле и пукале во него со неколку куршуми.
Пантиќ бил погоден во главата и телото, починал на самото место, зад трафика на булевар во Земун.
На лице место брзо пристигнале екипи на Брза помош и полицијата, која веднаш го обезбеди просторот и започна увид.
Подрачјето е покриено со голем број надзорни камери, кои веќе се анализираат.
Според првичните информации, скутерот што го користеле убијците е пронајден подоцна, запален.
Тадија Пантиќ важел за лидер на навивачката група на Партизан од Земун, а претходно двапати бил мета на напади, кои ги преживеал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиен водачот на навивачката група на Партизан…
23-годишниот Тадија Пантиќ од Земун, е убиен…
Момче убиено во Белград
На булевар во Нов Белград момче (25)…
Белград потпишува договор за изградба на метро!
Договорот со француската компанија „Алстом“ за изградба…
Топовски истрели и димни бомби низ Белград:…
Голем број граѓани се собраа вечерва во…
Српските студенти објавија детали за комеморативната пешачка…
Српските студенти во блокада објавија детали за…