Убиен е лидерот на Хамас во Либан

Хамас соопшти дека во денешен израелски напад е убиен нивниот водач во Либан – Фатех Шериф Абу ел-Амин. Тој бил убиен заедно со неговата сопруга, син и ќерка, во нападот што бил насочен кон нивната куќа во палестинскиот бегалски камп во јужниот град Тир, пренесува Ројтерс.
Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП), милитантна група која учествува во борбата против Израел, пак, соопшти дека тројца негови водачи биле убиени во напад што го таргетирал округот Кола во Бејрут што е место во градот каде што се собираат такси возила и автобуси.
Во израелскиот напад загинати се член на политичкото биро и шеф на воено-безбедносниот оддел Мохамед Абед Ал-Ал, член на воениот оддел и воената команда во Либан Имад Одех и Абдул Рахман Абед Ал-Ал.
Според изјавите од очевидци што ги пренесува Ројтерс, во нападот бил погоден горниот кат на станбена зграда.
Израел вчера продолжи со офанзива врз организациите кои ги смета за терористички, така што изврши напади на неколку локации во Либан, за кои тврди дека се упоришта на Хезболах, а изврши напади и во Јемен на локации за кои тврди дека се упоришта на Хутите.
Во засилените израелски бомбардирања во текот на две недели загинаа низа највисоки функционери на Хезболах, вклучувајќи го и нивниот лидер Хасан Насралах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел формира директорат за раселување на Палестинците…
Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…
Израел го нападна Либан
Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…
Израел ја прекина струјата во Газа
Израел објави дека ја прекинува струјата во…
Трамп му се закани на Хамас веднаш…
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Хамас…
Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…