УБИСТВО ВО КОЧАНИ: Пиеле со соседот, па го усмртиле со тврди предмети – Уапсени две лица

t

Ѓ.Б. вчера во 07:43 часот пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.

При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети, информира МВР.

Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…