Увидот на лице место во Трубарево ќе започне утре

t

Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад.

Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација.

До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка до овој момент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Увидот на лице место во Трубарево ќе…

Увидот на лице место во однос на…

Нови детали од ОЈО: Убиецот имал забрана…

Основното јавно обвинителство Велес денеска со соопштение…

Институт за јавно здравје тврди дека нема…

Од Институтот за јавно здравје информираат дека…

СДСМ бара оставка од Азир Алиу и…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Пожарот во Трубарево целосно изгаснат, а ситуацијата…

Пожарот кој деновиве гореше на депонијата во…