Угостителите ја убедија Владата – им попушти за законот против пушењето
По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, пишува „Телма“.
Оваа измена доаѓа по укажувањата дека голем дел од угостителите немаат реални услови да обезбедат отворање на терасите од три страни, што било потврдено и од надлежните институции.
Истовремено, останува на сила целосната забрана за пушење во затворени простории, додека пушењето ќе биде дозволено на тераси кои ги исполнуваат пропишаните услови. Угостителите барале да имаат рок од три години за да ги прилагодат своите објекти на новите прописи, но ова не е прифатено и рокот останува една година.
Претседателот на Туристичко-угостителската комора, Перица Голомеиќ, изјави дека угостителите инсистирале да се задржи забраната за пушење во затворен простор, но и да се овозможи користење на терасите под јасни услови.
„Ќе имаме можност да ги користиме терасите како и досега, но ќе треба да ги приспособиме според новите правила – да бидат отворени од минимум две страни и соодветно заградени заради безбедност и природно проветрување“, изјави Голомеиќ.
Од комората нагласуваат дека клучно е законот да се спроведува доследно и неселективно, за да има еднакви услови за сите угостители.
Report Ad
„Ако правилата важат за сите подеднакво, тогаш ќе се обезбеди фер конкуренција и заштита на јавното здравје“, додаваат оттаму.
Јавната расправа за законот е завршена, а надлежното министерство ги разгледува сите забелешки и предлози доставени преку системот ЕНЕР. По финализирањето, законското решение ќе биде доставено на усвојување во Владата, а потоа и на гласање во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Угостителите ја убедија Владата – им попушти…
По денешната средба во Владата помеѓу владини…
Американски државјанин нападнал двајца полицајци
Американски државјанин нападнал двајца полицајци. СВР Велес…
Калајџиев за „Сејф Сити“: Шансата да прегазам…
Откако плати казна за надминување на брзината,…
Герапетритис: Важно е ЕУ да остане доследна…
Важно е ЕУ да остане доследна по…
Извори за ТВ 24: Се истражува колку…
Дали царинските службеници на граничниот премин постапиле…