УЕФА е подготвена да го раскине договрот со генералниот спонзор „Газпром“
УЕФА вчера одлучи да го премести финалето во Лигата на шампиони од Санкт Петербург во Париз откако Русија ја нападна Украина.
Куќата на фудбалот сега планира да го раскине спонзорството и со рускиот гигант „Газпром“, кој е во државна сопственост. Актуелната соработка помеѓу УЕФА и „Газпром“ трае уште две сезони, а договорот е 40 милиони евра годишно.
УЕФА е подготвена да ги жртвува овие пари само да не биде поврзувана со руската држава. Ако договорот биде раскинат, името на „Газпром“ повеќе нема да стои на рекламите на стадионите за време на натпреварите во Лигата на шампиони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…