УЕФА од 2025 година воведува регионални лиги – ќе заживее ли конечно балканската?!

t

Повеќе од деценија ипол од време навреме се појавуваа желби и идеи за возобновување на поранешната ју-лига, па и проширување на балканска лига како регионално натпреварување кое ќе го крене фудбалот на овие простори, но секоја идеја запираше на стартот – УЕФА беше таа што не дозволуваше. Ама, тоа за три години можно е да се промени.

Регионалните лиги како спас за малите земји живеат како идеи од Скандинавија, Бенелукс, Источна Европа и Балтикот и посебно на Балканот и најблизу до реализација беше белгиско-холандската лига (БеНЕ-лига) која влезе во завршна фаза пред Холанѓаните да се откажат. Дека нешто се крчка зад кулисите вчера објави тренерот на белградска Црвена Звезда, Милош Милојевиќ, кој помалку и шокантно откри дека веќе има план за регионализација на европскиот фудбал и тоа од 2025 година и дека се работи на планот, а информациите му се од Шведска, каде работеше пред да дојде во Белград.

„Има план за регионална лига за 2025 година. Е, сега јас не знам во кој регион би влегла Србија, но мислам дека треба да се задржи квалитетот на домашните првенства. За ова мене ми говореше претседателот на Малме, кој е во некој борд на УЕФА. Детали не знам, знам само дека УЕФА сѐ одлучува и многу-многу нема да нѐ прашува за сѐ“, рече Милојевиќ.

Последна идеја за Балканска лига дојде од Бугарија под назив МЕГА-лига во која треба да игра цел Балкан од Турција, Грција, бивша Југославија, Романија, Бугарија и Унгарија, лига која може да донесе огромни приходи од ТВ-права поради регионот со над 150 милиони жители. За регионализација се залагаа и „суперлигашите“ во проектот кој пропадна лани за 48 часа, а главниот творед Флорентино Перез тогаш најави дека Суперлигата ќе донесе тектонски промени во кои и Балканската лига како идеја за подобар фудбал треба да се формира.

Сепак, настрана безбедноста која постојано се посочуваше како главна пречка, проблем е вклопувањето на календарот особено откако УЕФА веќе воведе трето натпреварување како Конференциската лига, а за две години сите три натпреварувања ќе се прошират на по 36 екипи и ќе се зголеми бројот на мечеви во сезоната, па тешко ќе биде да се вклопи дополнително натпреварување.

„Домашните лиги треба да се задржат, но ако во нив нема доволен квалитет, нема доволна посета и со тоа нема доволна заработка, јас сум за да се формира нешто што ќе носи повеќе пари и квалитет. Гледано само од фудбалски аспект нема некој што не е за ако донесе подобар фудбал, да се игра на подобри стадиони, на подобра инфраструктура, сѐ тоа би било поинтересно. Ама не е само тоа (фудбалскиот аспек – н.з.), има и други аспекти, посебно политичките сум лаик“, додава Милојевиќ.

За ваквите планови на УЕФА засега не се појавиле никакви информации, ни за почетни размислувања, а уште помалку за некакви конкретни дела и исцртување на регионални граници при формирањето на регионалните лиги.

извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…