Ужасна несреќа: Млада жена почина, повредени се шест лица – меѓу нив и мали деца
На 31.05.2025 година во 15:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката за село Камењане се случила сообраќајна незгода во која што патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од село Пирок излетало од патот.
Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(32) од село Боговиње.
Додека, пак, со повреди во Ургентниот Центар-Тетово биле пренесени – возачот на возилото Ј.С. сопатниците В.Р.(28) од село Боговиње, А.М. (10) од село Палатица кои што се здобиле со тешки телесни повреди, како и Ј.О.(21) од село Пирок, А.М.(6) од село Боговиње и А.Р.(15) од село Долно Палчиште.
Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…