Ужас во Италија – вработени систематски тепале и понижувале стари луѓе во дом

t

Полицијата во Италија вчера во голема акција во старечки дом кај Комо уапсила седум луѓе, пет жени и двајца мажи, под сомнение дека малтретирале стари луѓе-штитеници на старечкиот дом РСА „Сакро Куоре“, јавија локалните медиуми.

Карабиниерите објавија фотографии извадени од видеоснимките на надзорните камери во домот, на кои се гледаат грозоморните чинови на насилство. Сите седуммина уапсени се осомничени за малтретирање, навредување и физичко малтретирање стари и беспомошни лица.

Истрагата за случајот траела цели шест месеци, пишуваат италијанските медиуми. Во полициската станица во Комо во август лани било пријавено малтретирање на старите луѓе кои биле сместени во домот. Според медиумите, пријавата не била поднесена од семејствата на штитениците, туку од надворешен извор кој пријавил појава на „чудни работи кои не се како што треба“ во институцијата.

Дел од медиумите објавија дека насилството и постојаното малтретирање на луѓето во домот се случувало само на еден кат, а жртви биле околу десет луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица повредени во пожарот во Кочани транспортирани…

Италијанската амбасада преку соопштение информираше дека четворицата…

Италија го одби предлогот на Франција и…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли понудата…

Италија ја враќа нуклеарната енергија од која…

Владата на Италија го направи првиот чекор…

Ужас во Италија – вработени систематски тепале…

Полицијата во Италија вчера во голема акција…

Муртезани се сретна со новиот италијански амбасадор…

Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше…