УЖАС! Малолетници се снимале додека силувале малолетничка па ја уценувале со видео материјалот!

Момчиња од Неготинско се снимале додека силувале малолетничка па ја уценувале со видео материјалот!
Малолетници извршиле обљуба врз малолетничка, а трет снимал. Деветнаесетгодишник ја уценувал со видео материјалот, а случајот е пријавен во неготинската полиција.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информираше дека синоќа во 21:00 часот во ОВР Неготино, 41-годишна жена од неготинско село пријавила дека на почетокот на мај во Неготино, двајца малолетници од неготинско извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот го снимал трет малолетник од Неготино, по што К.П.(19) од неготинско ја уценувал со снимениот видео материјал.
-Во 23:30 часот, К.П. бил лишен од слобода и од него бил одземен мобилен телефон. Мобилни телефони биле одземени и од тројцата малолетници, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Ѓаковска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца малолетници со пиштол нападнале и ограбиле…
СВР Битола поднесе известување против двајца малолетници…
Млади Босанец и Хрват силувале 74-годишна жена…
Австриските медиуми открија шокантни детали од силувањето…
Бесплатен организиран превоз за протестот за Фросина…
Во сабота во Неготино се организира протест…
Исчезна 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
Семејството и полицијата трагаат по 28 годишниот…
Силувал 200 жени, па им давал апчиња…
Иранецот, Мохамад Али Саламат, кој беше осуден…