УКИМ пред штрајк: Дури и косовските професори земаат двојно повисока плата од македонските!
Под просекот на државното ниво е платата на доцент, доктор на науки на УКИМ, бидејќи зема плата од 30.590 денари, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на УКИМ, во интервју за „360 степени“ на Алсат.
Претседателот на Синдикатот рече дека никогаш во историјата на Универзитетот состојбата на вработените не била потешка и полоша.
„Јас ја споменав дека платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации е 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово – 1.500 евра плата, Србија -1.800 до 2.000 евра плата, Хрватска – 2.000 евра плата, Словенија – 2.500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но и зад земјите во Европа и светот“, изјави професор Ристов за „360 степени“.
Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, во гостувањето во „360 степени“ на Алсат ТВ рече дека никогаш во историјата на Универзитетот состојбата на вработените не била потешка и полоша.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МД „Илинден”: Честитки до студентите по македонски…
Македонското друштво "Илинден"-Тирана упатува честитки до првата…
Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…
Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…
Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…
Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…
Македонско друштво „Илинден“-Тирана: УКИМ да не ги…
Од формирањето на нашето Друштво во 2009…
Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…
Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…