Укинати забраните за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – ГП „Деве Баир“ и Кратово – Пробиштип

t

Од 13:00 часот се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“ и Кратово – Пробиштип, сооопшти денеска ЈП „Македонијапат“.

Оттаму потсетуваат дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е на сила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…