Украина: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ бил погоден од руската ПВО
Директорот на украинскиот Центар за борба против дезинформациите, Андриј Коваленко денеска на Телеграм објави дека патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“, што вчера се урна во близина на казахстанскиот град Актау, бил погоден од руска противвоздушна одбрана.
Тој упати критика кон Русија поради тоа што не го затворила воздушниот простор над главниот град на руската република Чеченија, Грозни, што можело да ја спречи трагедијата.
Авионот беше оштетен од Русите и беше насочен кон Казахстан наместо итно да слета во Грозни и на тој начин да спаси животи, додаде Коваленко.
Во авионот имало 67 лица, а според првичните информации загинале 38 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…