Украина бара НАТО земјите да ѝ достават на системи за пресретнување на ракетите Орешник

t

Партнерите на Украина треба да одговорат на руската уцена со обезбедување на Киев со системи за противвоздушна одбрана, кои можат да пресретнат балистички ракети со среден дострел како Орешник, објави шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на социјалната мрежа Икс.

– Употребата на балистичка ракета со среден дострел од страна на Русија е типична уцена. Путин се обидува да ги исплаши сите за да не ја поддржуваат Украина, наведе Сибиха.

Тој ги повика сојузниците на Украина да ги отфрлат таквите закани, да ја зголемат поддршката и да ги зајакнат капацитетите за противвоздушна одбрана на земјата обезбедувајќи и системи кои можат да пресретнат такви ракети.

Руските сили на 21 ноември истрелаа интерконтинентална балистичка ракета со среден дострел Орешник врз Дњепар, како одговор на наводната употреба на Украина на американски и британски ракети со долг дострел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина бара НАТО земјите да ѝ достават…

Партнерите на Украина треба да одговорат на…

Песков го обвинини Бајден дека ги саботира…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини…

Српска „Политика“ за Шекеринска: Македонка во врвот…

Македонка во врвот на НАТО, пишува српска…

Харадинај гарантира членство на Косово во НАТО

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово,…

Пентагон: Не сакаме војна со Русија, но…

Америка не сака војна со Русија, но…