Украина бара од Турција да го затвори воздушниот и водениот простор за руски летала и бродови
Украина побара од Турција да го прекине пристапот на Русија до протоците Босфор и Дарданелите, откако Москва изврши напад врз повеќе украински градови во раните утрински часови во четвртокот.
Барањето на Киев да го прекине пристапот на руските бродови низ теснецот го пренесе украинскиот амбасадор во Турција, Васил Боднар, кој исто така лобираше за затворање на турскиот воздушен простор за руските авиони, објави новинската агенција Ројтерс.
Овој потег доаѓа како одговор на руските воздушни и копнени напади врз украинските воени инсталации, аеродроми и градови, вклучително и главниот град Киев, во текот на четвртокот. Офанзивата беше наречена „специјална воена операција“ од претседателот Владимир Путин.
„Повикуваме воздушниот простор, и протокот Босфор и Дарданелите да бидат затворени. Нашето релевантно барање и го пренесовме на турската страна. Во исто време, сакаме наметнати санкции на руската страна“, изјави украинскиот амбасадор Васил Боднар на прес-конференција во Анкара.
Теснецот Дарданели обезбедува пристап од Егејското Море во Мраморното Море, а Босфорскиот Проток, по кој е изграден Истанбул, го поврзува Мраморното Море со Црното Море. Прекинатата употреба на оваа рута во суштина ќе ги исклучи југозападните пристаништа на Русија на северниот брег на Црното Море од Европа.
Според пактот од 1936 година, Анкара има контрола над теснецот и може да ги ограничи премините на воените бродови за време на војна или доколку е загрозена.
Барањето на Украина може да предизвика компликации за Турција, нација која, и покрај нејзиното членство во западниот воен блок НАТО, исто така дели поморска граница со Украина и Русија во Црното Море и има добри односи со двете земји.
Турција се спротивстави на санкциите кон Москва, додека другите членки на НАТО се залагаат за спроведување антируски мерки, насочени главно кон осакатување на економијата на земјата. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, иако ги осуди акциите на Русија во Украина, истакна дека неговата влада ќе се стреми да ги одржи врските и со Русија и со Украина, додека сепак ќе ги преземе правилните чекори во управувањето со кризата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…