Украина вoopyжена „до заби“: Се трупаат американски пpoтивтенковски и пpoтиввоздушни pakeти од НАТО членките
Три членки на НАТО – Естонија, Литванија и Летонија – ќе испратат американски противтенковски и противвоздушни ракети во Украина, соопшти литванското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, Латвија и Литванија ќе испратат противвоздушни ракети „Стингер“, додека Естонија противвоздушни ракети „Јавелин“.
„Оваа поддршка треба да ги зајакне одбранбените способности на Украина“, се вели во соопштението, во кое се објаснува дека одлуката е донесена откако САД дале зелено светло да го испратат своето оружје во трети земји.
Воедно, чешката министерка за одбрана Јана Чернохова изјави дека следната недела ќе и предложи на Владата испраќање тенковска муниција .
„Тоа би било донација, ја решаваме процедурата за што поскоро да се направи. Јасно и кажуваме на Украина дека сме со неа“, рече таа по средбата со министерот за надворешни работи Јан Липевски за ова прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…