Украина ги осуди руските избори на Крим
Министерството за надворешни работи на Украина ги осуди руските избори на окупираниот Крим и посочи дека тоа е кршење на меѓународното право.
„Уште еднаш нагласуваме дека резултатите од таканаречените избори на привремено окупираната територија на Автономната Република Крим се безвредни, а со самото тоа и нелегитимни“, се вели во соопштението на тамошното Министерство, ренесува Радио Слободна Европа.
Од Министерството додале дека оние кои се вклучени во „подготовката и одржувањето на таканаречените избори ќе бидат кривично гонети во согласност со сегашното законодавство на Украина“.
Од 6 до 8 септември, руските власти организираа избори за кримскиот парламент, општинското законодавно тело на пристанишниот град Севастопол и членовите на локалните совети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ги осуди руските избори на Крим
Министерството за надворешни работи на Украина ги…
Воздушна тpевога во Pоманија поpади можен pуски…
Предупредувачко известување за можност од паѓање на…
Шефот на ЦИА: Не треба да се…
Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Шефот на ЦИА: Постоеше реален ризик дека…
Барнс рече дека ненадејното повлекување во североисточна…
Орбан за Украина и ЕУ: Тоа не…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не…