Украина го доби Прашалникот од ЕУ и ќе добијат одговор за неколку недели, Македонија мора да потпише срамни договори за да добие преговори
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани.
Шефицата на ЕК на украинскиот претседател му врачи прашалник што ќе биде појдовна точка за ЕУ за одлуката за членството на Киев.
Нема тоа да биде, како што е вообичаено, прашање на години за да се формира мислењето, јас мислам дека ќе биде прашање на недели – порача Фон дер Лајен.
Зеленски одговори дека ќе ги достави одговорите за една недела.
Фон дер Лајен укажа и на важноста на санкциите против Русија поради воената акција во Украина.
Русија ќе потоне економски, финансиски и технолошки, додека Украина маршира кон европската иднина, јас го гледам тоа – порача Фон дер Лајен.
Украина денес го доби Прашалникот од ЕУ, ќе си го пополнат и се очекува да добијат одговор за неколку недели, пишува аналитичарот Ивор Мицковски.
Драго ми е за Украина, мизерно ми за Македонија која го одговори уште во 2005-та и понатаму чека и мора да потпише срамни договори за да добие преговори – коментира Мицковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…