Објавено на:

Украина го одби ултиматумот на Русија: Војската ќе продолжи да го брани Мариопол

t

Украинските сили ќе продолжат да го бранат градот Мариопол и покрај ултиматумот на Русија, соопштија во неделата властите на Мариопол.

Советникот на градоначалникот на Мариопол одговори на барањето на руското Министерство за одбрана да се предадат украинските војници кои продолжуваат да се спротивставуваат на руските напади, велејќи дека украинските сили продолжуваат да се борат.

„Окупаторите објавија во саботата вечерта дека ќе обезбедат „коридор за предавање“ за преостанатите војници“, напиша Петро Андриушченко во Телеграм, пренесе Си-Ен-Ен.

„Но, од денеска нашите бранители продолжуваат да се бранат“, рече тој.

Мариупол е стратешко пристаниште на Азовското Море и е во центарот на напорите на Русија да ги здружи силите во источна и јужна Украина.

Андриушченко, исто така, рече дека отпорот кон Русите продолжува надвор од фабриката за челик Азовстал, гигантски објект кој е бастион за украинските сили кои се борат во Мариопол.

„И покрај желбата на окупаторите да покажат дека местото на непријателствата е ограничено на фабриката за челик Азовстал, тоа не е точно“, рече тој.

Истакна дека „за време на борбите окупаторите повторно гранатирале приватни станови со тешка артилерија“. Продолжило и гранатирањето на пристаништето.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински маринец од “Азовстал”: Наскоро ќе паднеме

Украински маринец од опколената челичарница Азовстал во…

Животот се враќа во нормала: Едно училиште…

Во Мариопол започна со работа првото училиште…

Градоначалникот на Мариопол: Насилно се депортирани повеќе…

Градоначалникот на опколениот украински град Мароупол, Вадим…

Пушилин: Платеници од САД, Романија и Канада…

Платеници од САД, Романија и Канада би…

Украина го одби ултиматумот на Русија: Војската…

Украинските сили ќе продолжат да го бранат…