Украина е подготвена за влез во ЕУ до крајот на оваа година
Украина планира да ги исполни сите услови неопходни за почеток на преговорите за влез во Европската унија до крајот на оваа година, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмигал, јави ДПА.
„Украина ги исполни сите седум препораки на Европската комисија што ги добивме кога го добивме статусот на кандидат за членство“, изјави украинскиот премиер на прес-конференција во Рим.
Шмигал учествуваше на конференцијата за обнова на Украина чиј домаќин беше Италија. Тој денеска се сретна со папата Франциско во Ватикан.
Киев ќе ги спроведе сите реформи потребни за влез во ЕУ, и покрај руската инвазија на земјата, рече тој. Шмигал истакна дека антикорупциските мерки што Киев веќе ги воведе „се целосно спроведени, како што Украина се договори со своите европски партнери“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…