Украина е прва, Mакедонија на петтото место на списокот на најсиромашни пазари во Европа
Македонија со БДП по глава на жител од 6.608,08 долари e на петтото место на списокот на најсиромашни пазари во Европа, подготвен од германскиот економски портал Дервенстен, објави веб-страницата Косово онлајн. На листата 10-те најсиромашни во Европа, Косово е рангирано како втор најсиромашен пазар во Европа за 2023 година, по Украина. Листата е направена врз основа на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител и според рангирањето Србија е на десеттото место со БДП од 10.360,72 долари по глава на жител.
-На четвртото место е Албанија, чиј бруто домашен производ е 6.457,22 долари, додека на трето место е Молдавија со БДП од 5.671,22 долари. Најсиромашна во Европа е Украина, со БДП од 4.348,57 долари. Црна Гора е на деветтото место со БДП од 9.811,86 долари, а Белорусија е на осмото со БДП од 7.859,63 долари. Седмото место го зазеде Босна и Херцеговина со БДП по глава на жител од 7.337,72 долари, додека Грузија е на шестото место со бруто домашен производ од 6.670,73 долари – пишува порталот Дервенстен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…