Украина за прв пат нападна во Русија со американските ракети АТАКМС: Погодено складиште во Брјанск
Украинските сили го одбележаа 1.000 ден од војната во Украина, извршувајќи го првиот напад на руска територија со помош на американски ракети со долг дострел АТАКМС, соопштија утрово украинските воени претставници.
Како што јавуваат медиумите прва цел на украинските сили било складиште за муниција во Карачев, во руската област Брјанск која е околу 124 километри одалечена од најблиската украинска граница.
Очевидци и руски воени блогери објавија дека складиштето било погодено со проектили, а украинските воени претставници подоцна потврдиле за „РБЦ Украина“ дека нападот бил извршен со помош на ракети АТАКМС, пишува „Нова.рс.“
Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден и даде зелено светло на Украина да користи западно оружје на руска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина за прв пат нападна во Русија…
Украинските сили го одбележаа 1.000 ден од…
Синот на норвешката принцеза уапсен поради силување
Норвешката полиција објави дека 27-годишниот син на…
И Стојанче Ангелов во комбинација за ,,Маж…
Македонија по седми пат ќе избира ,,Маж…
Руте: Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје…
Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје за…
,,Не сум го украл ехо-апаратот, тој е…
Шокантно и погубно за мојата репутација е…