Објавено на:

Украина: Одбиен рускиот напад на градот Северодонецк

t

Украина го одби рускиот напад на својот клучен источен град, тврди украински воено оперативниот извештај.

– Нашите војници успешно го запреа нападот на градот Северодонецк, борбата е во тек. Обидот за заземање на блиските градови Тошкивка и Устинивка, исто така е неуспешен – наведува Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Според регионалниот гувернер на областа Луганск, Сергеј Хајдај, руските сили бомбардираа украински позиции со интензивни артилериски, воздушни напади и постојани борби по улици.

Во клучниот град за што со денови се водат тешки борби, останаа меѓу 10.000 и 11.000 цивили, покажуваат извештаи.

– Воената состојба во Северодонецк е постојано тешка. Нашите вооружени сили ги зацврстија своите позиции, држејќи ги границите во градот што ги зазедоа. Борбата не е завршена. Орките (руските сили) внесуваат сè повеќе и повеќе сили, многу артилерија и опрема се концентрирани овде со што го напаѓаат градот. Орките се обидуваат да напредуваат, ние ги запираме. Нашите вооружени сили даваат сè од себе за да го одбранат градот – изјави за национална телевизија, шефот на градската воена управа на Северодонецк, Олександр Штриук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…