Украина одби да прими серија „леопарди“ од Германија поради нивната лоша состојба

t

Минатата недела Украина одби да прими 10 стари тенкови Леопард 1А5 од Германија поради нивната лоша техничка состојба, пишува Spiegel, повикувајќи се на извори.

Како што пишува весникот, Украина го известила специјалниот штаб во Министерството за одбрана во Берлин дека на германските вооружени системи кои пристигнале во Полска им е потребна поправка.

„Бидејќи нема ниту обучен технички персонал, ниту доволно резервни делови, нема смисла да се префрлат „леопардите“ во Украина“, се наведува во написот.

Се посочува и дека споменатото известување на киевските власти „предизвикало вознемиреност“ во Берлин. Министерството за одбрана веднаш испрати технички експерти во Жешов во Полска за проверка и сервисирање на тенковите. Таму е утврдено дека на тенковите „Леопард“ навистина им е потребен ремонт, пишува „Шпигел“.

Потсетуваме, Германија му вети на Киев над 100 тенкови „Леопард 1А5“, кои беа извадени од употреба пред околу 10 години. Првите десет тенкови беа испратени во Украина во јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…