Украина: Од почетокот на војната се убиени речиси 30.000 руски војници
Генералштабот на Украина соопшти дека од почетокот на војната биле убиени околу 28.850 руски војници.
Украинскиот Генералштаб информираше за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 21 мај. Се наведува дека досега се убиени 28.850 руски војници, од кои 150 во последните 24 часа.
Уништени се и 204 руски авиони, 169 хеликоптери, 1.278 тенкови, 3.116 оклопни возила, 596 топови, 201 ракетен фрлач и 93 системи за противвоздушна одбрана.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека досега се уништени 172 авиони на украинската армија, 125 хеликоптери, 952 беспилотни летала, 314 системи за противвоздушна одбрана, 3.168 тенкови и оклопни возила и 1.571 хаубици и минофрлачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…