Објавено на:

Украина под оган – нови руски ракетни напади: Суровикин вели тоа е “новогодишно чудо”: Вчера немаше ракети, денес се појавија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање пред парламентот во средата, ја нарече повоената обнова на Украина најголем европски господарски проект.

Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации соопшти дека во руската војна против Украина досега загинале 6.884 цивили. Москва ќе ја забрани продажбата на нафта на земјите кои се придржуваат до горната граница на цената што беше воведена на 5 декември, одлучи претседателот Владимир Путин.

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство наведува дека Русија во последните денови веројатно го зајакнала својот сектор во близина на Кремина во областа Луганск, со оглед на тоа дека е „под постојан притисок од украинските операции“. Кремљ во средата го отфрли мировниот план од 10 точки на украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека предлозите за прекин на конфликтот во Украина мора да ја земат предвид „денешната реалност“ на четирите украински региони кои се приклучија на Русија.

Рано утрото на 26 декември руската база Енгелс беше нападната по втор пат за три недели. Според руските медиуми, нападот бил извршен со беспилотни летала. Станува очигледно дека Русија има потешкотии да ги одбие воздушните напади на сопствена територија, пишува британскиот извештај. Тоа го припишуваат на фактот што голем дел од руската противвоздушна одбрана е распоредена на бојното поле.

Би-Би-Си јавува дека е исклучена струјата во регионите на Украина. Дтек, државниот снабдувач со енергија, рече дека Одеса и Дњепропетровск се соочуваат со прекини на струја „воведени поради закана од ракетни напади, за да се избегне значителна штета доколку непријателот успее да ги погоди енергетските капацитети“.

Во четвртокот наутро Украина извести за нови руски ракетни напади, додека во неколку градови се слушнаа експлозии, кои, според локалните власти, се резултат на системи за противвоздушна одбрана кои соборуваат проектили. Олексиј Арестович, советник на претседателската канцеларија, на Фејсбук напиша дека нападите опфатиле повеќе од 100 проектили, во неколку бранови, а алармите за воздушни напади може да се слушнат низ целата земја. Според дописниците на Ројтерс и локалните медиуми, се слушнале експлозии во Киев, Житомир и Одеса.

Во регионите Одеса и Дњепропетровск беа најавени рестрикции за електрична енергија, со цел да се намалат можните штети на енергетската инфраструктура.

Руските воени сили продолжија да напаѓаат со беспилотни летала во средата вечерта, додека Москва објави дека нејзините сили размислуваат како да ја прекинат испораката на оружје за Киев од странство.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека армијата работи на нови планови за прекин на испораката на оружје и муниција на украинската армија од странство. „Забележуваме дека Украина добива се повеќе и подобро западно оружје“, рече Лавров за време на интервјуто за руската телевизија во средата. Затоа, рече тој, има повици меѓу воените експерти да се прекинат тие линии за снабдување. Се размислува за „железници, мостови и тунели“, рече Лавров. „Моја претпоставка е дека тие професионално ќе одлучат како да ги отежнат тие испораки или, идеално, целосно да ги запрат. Во средата навечер руски беспилотни летала беа насочени против цели на југот и на истокот на земјата, соопшти украинската јужна воздушна одбрана.

Беспилотни летала летале во неколку групи над регионот на Доњецк, Запорожје и Харков, а набљудувачите пријавиле и летови во правец на Одеса.

Русија истрела ракети врз повеќе од 25 населби околу Херсон и Запорожје, објави во средата Генералштабот на украинските вооружени сили. Регионот Херсон, на устието на реката Днепар, служи како порта Крим кој Русија го анектираше.

Неодамна ослободениот град Херсон во јужна Украина претрпе интензивни минофрлачки и артилериски напади од руските сили преку реката Днепар во средата. Во средата проектили го погодија породилното одделение во болницата, но никој не беше повреден, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. Персоналот и пациентите се преместени во засолниште, рече Тимошенко во објавата на Телеграм. „Беше страшно … експлозиите почнаа наеднаш, рачката на прозорецот почна да се откинува … ах, рацете уште ми се тресат“, вели мајката Олха Присидко. „Кога стигнавме во подрумот, гранатирањето не беше завршено. Ниту за момент.

Москва постојано негираше дека цели на цивили.

Сергеј Суровикин денешните напади врз Украина ги објасни како „новогодишно чудо“.

„Вчера исчезнаа ракетите, јас самиот прочитав во вестите, а денес повторно се појавија. Ова е вистинско новогодишно чудо!“

Во видео-обраќање, Зеленски ги повика Украинците да ги прегрнат своите најблиски, да им кажат на пријателите дека ги ценат, ги поддржуваат колегите, им се заблагодаруваат на родителите и почесто се радуваат со своите деца. „Не ја изгубивме нашата хуманост, иако издржавме страшни месеци“, рече тој. „И нема да ја загубиме, иако ни претстои тешка година.

Тешките борби продолжија во средата околу градот Бахмут, кој е под контрола на Украина, во источната провинција Доњецк, и на север, околу градовите Сватов и Кремин во Луганск, каде што украинските сили се обидуваат да ги пробијат руските одбранбени линии. Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија веројатно зајакнала дел од Кремнскиот фронт бидејќи е логистички важен и релативно ранлив по украинското напредување понатаму на запад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…

Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…