Објавено на:

Украина предлага размена на војниците од “Азовстал” за заробени руски војници

t

Заменик премиерката на Украина, Ирина Верешчук изјави дека Киев предложил повредените украински војници од челичарницата Азовстал во Мариупол да бидат разменети за руските воени заробеници.

– Сè уште нема договор. Продолжуваат преговорите, напиша Верешчук на социјалните мрежи.

Таа додаде дека украинската Влада работи на повеќе опции како да ги спаси бранителите опколени во Азовстал.

– Ниту една опција не е совршена, посочи Верешчук.

Украинските војници кои се наоѓаат во Азовстал повеќепати изјавија дека нема да им се предадат на Русите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…