Украина реши Валериј Залужни и Алексеј Данилов да станат дипломати
Украина ќе ги испрати во дипломатска служба поранешниот врховен командант на украинската армија Валериј Залужни и поранешниот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов, потврди советникот на Кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак.
Подољак не прецизираше во кои земји ќе бидат испратени Залужни и Данилов, а информацијата за нивното заминување во дипломатската служба е објавена, како што рече, за да се избегнат дополнителни шпекулации на оваа тема.
Познато е дека Министерството за надворешни работи на Украина претходно ја одобри кандидатурата на поранешниот врховен командант за функцијата украински амбасадор во Велика Британија. Залужни, како што пренесуваат медиумите, се согласил на новите обврски.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го разреши Залужни во февруари годинава, а Данилов на 26 март заедно со други функционери и советници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош: Алексеј има само три…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Украински медиуми: Пронајден уред за прислушкување во…
Уред за прислушување случајно бил пронајден во…
Шефот на украинската безбедност го критикува военото…
Алексеј Данилов вели дека ситуацијата е тешка…
Ел Паис: Шпанија „дискретно протера“ двајца вработени…
Одлуката уследи по наводите дека персоналот подмитувал…
Зеленски се обидува директно да ја контролира…
Украинскиот претседател се плаши од популарноста на…