Објавено на:

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

t

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“ се измислени и служат единствено како изговор за нови напади врз Украина и поткопување на мировниот процес.

„Руските манипулации околу наводниот обид за напад врз резиденцијата на Путин беа измислени само од една причина: да се создаде причина и лажно оправдување за понатамошни руски напади врз Украина, како и да се поткопа и наруши мировниот процес“, напиша Сибиха на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека тоа е вообичаена руска тактика.

„Вообичаена руска тактика: да се обвини другата страна за она што го прави или планира да го направи“, рече Сибиха.

Украинскиот шеф на дипломатијата, исто така, наведе неколку факти.

„Прво, Русија веќе ја нападна зградата на украинската влада оваа година. Второ, Украина ги таргетира само легитимните воени цели на руска територија, како одговор на руските напади врз Украина. Трето, Русија е агресор, а Украина е земја која е нападната и која се брани во согласност со член 51 од Повелбата на ОН. Не може да има лажна еднаквост помеѓу агресор и земја која се брани“, рече Сибиха.

Конечно, тој ја повика меѓународната заедница да реагира.

„Го повикуваме светот да ги осуди провокативните руски изјави насочени кон попречување на конструктивниот мировен процес. Украина останува посветена на мировните напори предводени од Соединетите Американски Држави, со учество на европските партнери“, рече Андриј Сибиха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на…

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха…

МВР со детали: Еве колку лица имало…

Полицијата денеска во 12:45 часот добила пријава…

Габриела Илиевска се врати во Советот, но…

Невообичаена слика денеска во салата на Општина…

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта…

Советот на Oпштина Македонска Каменица на денешната…

Владата ќе не задолжи за нови милијарда…

Еврообврзницата која што е предвидено да се…