Украина целосно зависи од увозот на горива по уништувањето на нејзината најголема рафинерија?
Претседателот на украинската Асоцијација за нафта и гас, Андриј Закревски, изјави дека Украина во моментов е целосно зависна од увозот на гориво откако руските сили минатиот месец ја ракетираа и ја уништија најголемата украинска рафинерија за нафта во Кременчук.
Сега сме целосно зависни од увозот на гориво. Под притисок се и синџирите за снабдување со железница. На границите има редици, а ако се додадат уште 3.000 камиони со гориво, ќе се зголеми оптоварувањето врз логистичките рути – изјави Закревски, цитиран од „Си-Ен-Ен“.
Закревски додаде дека од почетокот на војната националната потрошувачка е намалена за 30 до 40 отсто, но дека се уште недостасуваат четири до пет милиони тони гориво на годишно ниво. Тој додаде дека пред војната, 75 отсто од горивото доаѓало од Белорусија.
Сега сме во ситуација на ценовен шок. За да ја подобриме ситуацијата со недостигот на гориво, треба да поставиме мобилни комплекси за рафинирање на нафта во регионите на Лавов, Ивано-Франковск и Закарпатија.
Треба да го зголемиме производството на нафта. Треба да изградиме нафтоводи од пристаништата на Балтичкото Море до Украина, но таму има многу тешкотии – изјави претседател на украинската Асоцијација за нафта и гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…