Украина ќе го брани Гренланд во случај на „агресија“ од Доналд Трамп
Во случај да се оствари најавата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ќе го преземе Гренлад, Украина ќе има обврска да го брани островот од Американците со своите воени сили.
Ваквата обврска за Украинците произлегува од билатералниот безбедносен договор потпишан меѓу Данска и Украина во 2024 година. Според договорот, двете земјите мора да си помагаат меѓусебно во заштитата на границите и суверенитетот.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп порача дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот. Сепак, Трамп не наведе дали тоа би било направено со воени средства или пак, планира да го купи Гренланд од Данска.
Експертите забележуваат дека конфликтот околу овој дански остров „може да стане најкратката војна во историјата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…