УКРАИНА Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА БЕЛОРУСИЈА! Не учествувајте во војната, ќе има силен одговор!
Украинската војска упати апел до народот на Белорусија, сојузник на Русија, во кој бара од нив да не учествуваат во „валканата војна“ против Украина.
Ги повикуваме сите граѓани на Белорусија да не ги почитуваат наредбите на нивното раководство за влегување во војна против Украина. Минск се обидува да го вовлече белорускиот народ во „валканата војна“. Ги повикуваме граѓаните да го направат „вистинскиот избор“ и да се држат настрана од тоа – се вели во соопштението.
Во него се додава дека доколку Белорусија директно учествува во војната, „украинската војска ќе одговори“.
Неодамнешното руско распоредување на илјадници војници и стотици оклопни возила во соседна Белорусија поттикна нови стравови во Украина дека рускиот претседател Владимир Путин може да почне нов фронт во војната против Украина.
Набљудувачите известуваат за зголемена воена активност во областа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Стејт департментот со предупредување до Американците да…
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да…