Украинската армија има поплаки за американските тенкови „Абрамс“
Украинската армија има поплаки за американските тенкови „Абрамс“ кои ги добиле, а кои се цел број 1 за руските сили на фронтот, објави Си-Ен-Ен.
„Оклопот не е доволно дебел, не го штити екипажот. Сега има војна со беспилотни летала и кога тенкот се движи, Русите секогаш се обидуваат да го погодат“, изјави украинскиот војник со кодно име „Џокер“ кој го контролира тенкот. Друг војник додаде дека без добар оклоп, екипажот на тенкот има нема шанси да се преживее на бојното поле. Тогаш еден тенкист ја изгубил ногата бидејќи оклопот бил прободен.
Американската телевизија укажа на низа технички проблеми.
Еден од тенковите не можел да тргне поради дефект на моторот, без разлика што штотуку пристигнал од Полска .
„Украинските војници исто така се жалат дека при дожд или магла од кондензација, електрониката во возилото престанува да работи“, се наведува во прилогот.
Проблем е и муницијата за овие тенкови, како и на целиот фронт.
Украинските војници се разочарани бидејќи овие тенкови се направени за водење војна како што тоа го замислува НАТО – кога артилеријата и авијацијата го подготвуваат бојното поле пред да излезат тенковите и пешадијата.
Украинската армија нема таква можност бидејќи, како што велат војниците, немаат ниту артилерија, ниту авијација.
Претставник на Министерството за одбрана на Украина изјави за Си-Ен-Ен, коментирајќи ја оваа ситуација, дека Украина сега тестира и подобрува технологија која првично не била наменета за „нивната војна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…