Украинскиот заменик министер за одбрана: Можеме да го вратиме Крим за еден месец
Украина не се откажува од враќање на Крим.
Според заменикот на украинскиот министер за одбрана, Володимир Хаврилов, пензиониран генерал мајор, украинските сили би можеле да го вратат Крим до крајот на декември, а целата војна со Русија ќе заврши до пролетта. Тој порача дека Украина никогаш нема да престане да се бори.
За преговори со Кремљ, Хаврилов изјави дека тие ќе се случат дури кога руските трупи ќе бидат спремни да ја напуштат секоја педа од Украина. Toа значи и Кримскиот Полуостров кој Русија го анектираше во 2014. За Скај њуз кажа дека верува дека шансите Русија да изврши нуклеарен напад се мали. Украина објави дека најмалку 83.880 руски војници се „елиминирани“ од почетокот на војната.
Претседателот Володимир Зеленски побара од врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни да го намали нивото на публицитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…