Украинскиот министер за надворешни ја посети Бугарија
Министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба допатува во Бугарија со автомобил, пренесува софиското електронско издание Клуб З, а информацијата е потврдена од бугарската влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, се очекува утре Кулеба да се сретне со бугарскиот премиер Кирил Петков, со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и со други министри и притоа да се заблагодари на Бугарија за приемот на бегалците од Украина.
Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно ќе се постави прашањето како Бугарија може дополнително да и помогне на Украина во борбата против Русија, откако владејачката коалиција во Софија не постигна согласност за воена помош и за тоа прашање треба да расправа Народното собрание.
Засега нема официјална информација дали Дмитриј Кулеба ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…