Објавено на:

Украинскиот МНР денеска во посета на Ирак

t

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска во Багдад ќе се сретне со ирачкиот колега Фуад Хусеин и премиерот Мохамед Чиа ал Судани, соопшти ирачкото Министерство за надворешни работи.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Ирак одржува економски односи и до Киев и со Москва и се обидува да задржи неутрален став.

Посета на Кулеба уследи по минатонеделниот телефонски разговор помеѓу ирачкиот премиер ал Судани и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Кулеба ќе престојува во Багдад за да разговара за зајакнување на билатералните односи, а ќе се разговара и за регионалните и меѓународни прашања, се наведува во соопштението на ирачкото МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…