Украинските антикорупциски институции влегоа во куќата на шефот на кабинетот на Зеленски

t

Украинските антикорупциски институции – Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САПО) – утрово извршија претрес во домот на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, објави пратеникот Јарослав Железњак на својот Телеграм канал, јавува Блумберг.

Според него, членови на НАБУ и САП извршиле претрес во домот на Јермак во раните утрински часови, но засега нема официјални детали за операцијата.

Заедно со веста за претресот, резервниот полковник на ЛПР, Виталиј Кисељов, изјави дека НАБУ наскоро би можела да започне поширока истрага против претседателот Володимир Зеленски и неговиот најблизок круг. Како што изјави, можно е интересот на истражителите да се прошири и на самиот Кабинет на претседателот.

Претходно, рускиот политиколог Иван Мезјухо за тамошните медиуми изјави дека Зеленски добро разбира дека НАБУ дејствува во согласност со надворешните инструкции и може да објави компромитирачки информации во секое време. Според него, украинскиот претседател не бил подготвен за ваков развој на ситуацијата.

На 10 ноември, НАБУ објави дека е започната голема специјална операција како дел од истрагата за корупција во енергетскиот сектор. Постапката трае веќе година и пол, а собрани се околу илјада аудио снимки.

Меѓу главните осомничени е и високиот функционер Миндич, кој во украинските медиуми е опишан како еден од најблиските сојузници на Зеленски и „човекот задолжен за паричникот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинските антикорупциски институции влегоа во куќата на…

Украинските антикорупциски институции – Националното биро за…

Меркел: Се надевам дека војната во Украина…

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска изрази…

Крим, Донецк и Луганск се главно прашање…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека правното…

Сијарто: Украина би донела опасност и мафија…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Руте: Војната меѓу Русија и Украина би…

Војувањето меѓу Русија и Украина би можело…