Украинските сили заробија преку 100 руски војници
Официјален Киев соопшти дека Украина освоила нови територии во руската област Курск, каде што заробила дополнителен број руски војници и уништила авион.
Командантот на украинската армија, Олександр Сирски, во видео објавено на Телеграм изјави дека украинските сили напредувале еден до два километри во некои делови на Курск. Сирски додаде дека украинските сили денеска заробиле над 100 руски војници, кои ќе бидат заменети за украински затвореници.
Украинската армија, исто така, уништила руски авион Су-34, кој бил користен за напади на позиции и градови во Украина.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека Киев нема намера да окупира руска територија, туку целта е да се спречат ракетни напади од Курск врз Украина. Офанзивата ќе заврши кога ќе заврши војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нуклеарен објект бил цел на Израел: Експлозии…
Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран…
Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав…
Законот за Судскиот совет е во завршна…
Панама прогласи вонредна состојба
Панама прогласи вонредна состојба во својот главен…
Земјотрес почувствуван во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.степени е…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…