Украински медиуми: Од почетокот на операцијата се убиени повеќе од 30.000 руски војници
Повеќе од 30.000 руски војници се убиени во Украина за време тримесечниот и конфликт, објави истражувачкиот весник iStories, што објави „Москва тајмс“. Како што се наведува, до оваа бројка е дојдена со собирање јавни податоци, користење на социјалните мрежи, извештаи од весници или потврди од роднини.
Британскиот Би-Би-Си, кој ја истражуваше и оваа тема, излезе до бројка од 3.052 загинати војници.
Руската армија последен пат ја објави бројката на жртвите во своите редови на почетокот на март кога ја потврди смртта на 1.351 војник.
Од друга страна, во извештаите што ги објавува украинската армија на дневна основа се наведуваат повеќе од 30.000 жртви меѓу руските војници и воениот персонал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…
Во Русија нема рецесија, во тек е…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…