Украински напад со беспилотно летало на рускиот град Грејворон – прекинато снабдувањето со гас

t

Војна во Украина велгува во 1.089 денн. Украинските сили со беспилотни летала го нападнаа градот Грејворон во Белгородската област во Русија, при што беше прекинато снабдувањето со гас.

Од друга страна, руската воздушна одбрана уништи украински дрон над Курск.

Киев соопшти дека сè уште го гасне пожарот во засолништето на нуклеарната централа во Чернобил што избувна во петокот по ударот на руско беспилотно летало.

Двете завојувани страни продолжија со масовни напади со беспилотни летала. Руското Министерство за одбрана соопшти дека силите за воздушна одбрана уништиле 40 украински беспилотни летала на небото над регионите Калуга, Волгоград, Ростов и Саратов.

Од друга страна, Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина соопшти дека ракетните сили собориле 33 од вкупно 70 беспилотни летала, додека останатите 37 биле електронски неутрализирани.

Киев соопшти дека сè уште го гасне пожарот во засолништето на нуклеарната централа во Чернобил, кој избувна во петокот по ударот на руски дрон, нагласувајќи дека радијацијата е во граници.

Во меѓувреме тимот на Трамп подготвува мировни преговори во Саудиска Арабија со двете завојувани страни, пренесува порталот Политико.

Високи функционери од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија ќе започнат мировни преговори со руски и украински преговарачи, изјавија републиканскиот конгресмен од Тексас Мајк Мекол и двајца американски претставници запознаени со планот, пренесува Politico.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција изјави дека нема да го отстрани од дневниот ред прашањето за членството на Киев во НАТО.

Тој ја изнесе идејата за создавање заеднички европски вооружени сили со учество на украинската армија, бидејќи, како што оцени, му се чини дека периодот кога Киев и неговите сојузници можеа да се потпрат на САД е минато.

Вашингтон испрати документ до европските сојузници кој содржи прашања за тоа како тие можат да придонесат за безбедносните гаранции за Украина, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани европски дипломати.

„Фајненшл тајмс“ најпрвин објави дека САД побарале од своите европски сојузници да обезбедат информации за оружјето, мировниците и безбедносните аранжмани што би можеле да ги обезбедат на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…

Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…

Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…

24 лица се во притвор, 30-тина се…

Одземени 479 градежни лиценци, објавен списокот со…

Владата информира дека Министерството за транспорт во…

Истрага за обидот за убиство на вработена…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Сахарска прашина доаѓа во Македонија

Во делови на Европа стигнува прашина од…