Објавено на:

Украинско знаме се вее на окупиран остров – Русите избришани од картата во смела ноќна акција!

t

Украински специјални единици изведоа успешна ноќна операција на островот Тендра, лоциран во Црното Море, наспроти окупираната Херсонска област. Според соопштението на украинската воена разузнавачка служба (ГУР), при акцијата биле уништени позиции на руските сили, вклучително и систем за електронско војување „Зонт“ и радарска станица „Роса“.

„Во текот на ноќта меѓу недела и понеделник, извидувачки единици се искрцаа на Тендра и успешно ја извршија задачата“, соопшти ГУР преку Telegram. Според информациите, украинските сили не претрпеле загуби, а на островот е подигната украинската знаме како симбол на враќање на територијата под контрола на Киев.

Операцијата е опишана како „смела и прецизно планирана“. Објавено е и видео на кое се гледа подготовката и текот на акцијата, како и моментот на поставување на знамето. Еден од припадниците на украинските сили порача: „Сега сме тука, на нашата украинска земја. Украинците се враќаат и го земаат назад тоа што е нивно.“

Слична акција беше спроведена и во август минатата година, кога украинските сили исто така објавија уништување на руско воено присуство на истиот остров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинско знаме се вее на окупиран остров…

Украински специјални единици изведоа успешна ноќна операција…

Заварени шахтите на Партизанска: Чија безбедност штити…

Екипите на „Водовод и канализација“ ги заварија…

До крајот на неделава променливо време со…

Во четврток на повеќе места ќе биде…

(Фото) Еве како денес изгледа пожарот на…

Македонија и денес се буди со чад…

(Видео) На Бране му текна: СДСМ е…

Од вчерашното гласање на СДС во Собранието,…